Архитектура на довербата во здравствотo

И кога ќе влезете во системот одвнатре, кога ќе го видите одблиску, тогаш „апстрактниот проблем“ престанува да биде апстрактен, тој станува лична приказна на конкретен човек – тоа е лекар што работи под притисок, сестра што неприканато работи во три смени, пациент што чека, семејство што прашува „што сега?“, човек што се плаши и бара сигурност. И тогаш сфаќаш дека здравството не е само институционална архитектура, туку заеднички договор за грижа, договор што мора да функционира токму тогаш кога најмногу ни треба.