АНАЛИЗА Овој пат непристрасноста и интегритетот на Судот не смеат да завршат во „трезор“ под политички притисок

Не постои ниту еден доказ обезбеден од страна на Јавното обвинителство, дека Мијалков, Грујевски и Стајковиќ патувале во Англија на средби со „ГАМА“. Нема доказ дека Сашо Мијалков влијаел врз процесот на спроведување на јавната набавка. Не постои никаков доказ или вештачење дека фирмата „Финзи“ се стекнала со некаква противзаконска корист или имала екстра-профит од зделката склучена со МВР. Како тогаш ќе се донесе осудителна пресуда за случајот „Трезор“, како што бара Обвинителството?