АМЕРИКАНСКИОТ ФОНД „КАРЛАЈЛ“ САКА ДА ГО КУПИ ИМОТОТ ВО СТРАНСТВО НА „ЛУКОИЛ“ Дали Трамп ќе даде виза за тоа?

Инвестициската компанија размислува да аплицира за американска лиценца што би ѝ овозможила да го купи имотот на „Лукоил“, а потоа да започне со длабинска анализа.

154

„Карлајл груп“, американска мултинационална компанија за приватен капитал, управување со алтернативни инвестиции и финансиски услуги со средства под управување од 426 милијарди долари, размислува за купување на имотот во странство на рускиот нафтен гигант „Лукоил“.

Инвестициската компанија размислува да аплицира за американска лиценца што би ѝ овозможила да го купи имотот на „Лукоил“, а потоа да започне со длабинска анализа, објавија американските медиуми потпирајќи е на неименувани извори.






Според овие извори Карлајл го информирал Лукоил за своите намери.

Ниедна од двете компании досега не го коментираше пишувањето на медиумите.

Компанијата „Карлајл“ е основана во 1987 година во Вашингтон и во текот на неколку децении изгради репутација како еден од најголемите и највлијателните глобални играчи во светот на инвестициите.

„Карлајл“ инвестира во различни сектори, вклучувајќи приватен капитал, недвижности и приватен кредит, и историски е позната по аквизиции во одбранбената индустрија и големи договори за откуп со левериџ.

Меѓу неговите значајни инвестиции се компании како што се „Јунајтед дефанзив индустрис“, „Херц“, „Киндер Морган“, „Фрискејл семикондактор“ и „Нилсен компани“. Компанијата има речиси 2.200 вработени во 28 канцеларии на четири континенти.

Во текот на децениите, „Карлајл“ изгради репутација како способен глобален инвеститор способен за управување со сложени меѓународни трансакции, што ја прави релевантен кандидат за потенцијално преземање на странските средства на „Лукоил“.

„Лукоил“ бара купувачи за своите меѓународни операции кои произведуваат повеќе од 0,5% од глобалната нафта, а проценетата вредност на тие ресурси од 2024 година е околу 22 милијарди долари. Карлајл е во раните фази на разгледување на купување, според изворите, во зависност од можноста за добивање американска лиценца и спроведување на длабинска анализа, иако сè уште може да се откаже.

Швајцарската компанија „Гунвор“ пред неколку дена објави дека ја повлекува својата понуда за купување на меѓународниот бизнис на рускиот нафтен гигант Лукоил, откако Соединетите Американски Држави изјавија дека никогаш нема да го одобрат договорот за „пионите на Кремљ“.

САД воведоа санкции врз Лукоил за да го принудат Кремљ да преговара за прекин на огнот во Украина и го блокираа обидот на Лукоил да продаде средства на мултинационалната компанија Гунвор пред санкциите да стапат во сила на 21 ноември.

Лукоил, кој произведува околу два проценти од светската нафта во Русија и во светот, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија.

Поврзани содржини