АЛООО, СТАВАЈТЕ КЛИМИ ВО СОБИТЕ, ДОАЃАМЕ НА ОЛИМПИЈАДА, А НЕ НА ПИКНИК! Ај што нема да има ладење, парижаните наумиле од спортистите да прават вегетаријанци!

Организаторите на Олимписките игри во Париз изгледа се позагрижени за намалување на емисиите од јаглерод диоксид отколку за здравјето на спортистите. Тие попуштија под притисоците и одлучија да постават само 2.500 климатизери во Олимпиското село, во кое ќе престојуваат 10.000 спортисти. А зошто ќе има помалку месо на менијата во Селото, е тоа никому не му е јасно…