АЛИУ НАЈАВИ 300 НОВИ СЛОБОДНИ МЕСТА ЗА ПРИВАТНИТЕ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ Крај на уписите со врски, ќе се бара кадар по потреба

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека болницата во Куманово нема да остане без хируршки интервенции, посочувајќи дека недостигот на кадар е проблем што ја засега целата држава, вклучително и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Според него, досегашните политики во здравството се темелеле на лични и на пријателски релации, наместо на реалните потреби на системот, но сега се прават реорганизации и мобилност на кадарот помеѓу клиниките.