АКО СИСТЕМОТ Е ВИНОВЕН ЗА ПОЖАРОТ, ЗАРЕМ ВОДАТА ЗА ГАСНЕЊЕ НЕ Е ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО? Бог да чува, ме обвинуваат дека сум се согласил за смртта на 63 луѓе, рече Салиу

Обвинет сум со опис кој се темели на претпоставки, а не на докази,со обвинение поднесено поради притисок на јавноста и заткулисни политички игри и монтажи, а без правна основа, денеска Шабан Салиу, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување на судењето за пожарот во дискотеката во Кочани.