АКО НЕМА НАЧАЛНИЦИ ОД АЛИЈАНСА, НЕМА ДА ИМА НИТУ ДИРЕКТОРИ ОД СДСМ! Меџити „етнички“ го чисти кумановското здравство, тврди пратеник од опозицијата

Кумановскиот пратеник Бране Петрушевски тврди дека министерот Меџити ги разрешува директорите од СДСМ во знак на одмазда кон министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, затоа што тој, наводно, сè уште не поставувал началници во полицијата од редовите на Алијанса за Албанците.