„РАСТЕН СИ СО ГУРАБИИ И СО КЕКСИ, МЕРИ ГИ ЗБОРОВИТЕ“ Ахмети му порача на Мицкоски „да не предизвикува проблеми“

Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити). Јас сум пораснат во кула од камен што три пати е изгорена од поробувачите. Христијан, мојот народ вели камењата еден врз друг стануваат тврдина, а зборовите се мерат бидејќи со нив почнуваат и кавги и неволји. Немој да започнуваш беља! Мери ги зборовите затоа што си млад!, му порача Ахмети на Мицкоски од плоштадот „Македонија“.