5 ПОЖАРИ СÈ УШТЕ АКТИВНИ, ДВА ОД НИВ НАДВОР ОД КОНТРОЛА Има жаришта во Желино, Василево, Македонски Брод и во Прилепско, алармира ЦУК
Под контрола се ставени пожарите кај селото Слатина во Македонски Брод, каде што гореа смрека, сува трева и ниска вегетација, како и во велешкиот регион, на меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде што беше зафатена мешана нискостеблеста деградирана шума.
Пет пожари на отворен простор се сѐ уште активни утрово, според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), кои се однесуваат на состојбата до 8 часот. Од вкупно 29 пожари евидентирани во изминатото деноноќие, 22 се целосно изгаснати, додека, пак, 2 пожара се сѐ уште надвор од контрола.
ЦУК информира дека повторно е разгорен пожарот во атарот на село Желино кон Еребино, на планината Жеден, каде што се горат нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација.
Активни се и пожарите на неколку други локации:
– во село Нивичино, општина Василево, каде што е зафатена нискостеблеста шума;
– во село Грешница, Македонски Брод, каде што горат мешана шума и ниска вегетација;
– меѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, каде што се зафатени деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација,
– и во прилепскиот регион, помеѓу селата Царевиќ и Смолани, каде што горат мешана шума и ниска вегетација.