29 ЛИЦА ПОД МЕДИЦИНСКИ НАДЗОР Се следи состојбата на сите кои имаа контакт со починатата од конго кримска треска

Младата пациентка починала во четвртокот на Инфективна. Примена е во сериозно тешка здравствена состојба. За нејзината болест нема лек, изјави директорката на Клиниката, д-р Милена Стевановиќ. Смртноста од ова е огромна и се брои во над 40% од досега регистрираните случаи.