14-ГОДИШНО МОМЧЕ Е УБИЕНО ВО ПРИЛЕП Синоќа е избодено со остар предмет и оставено на тротоар

Според првичните сознанија, момчето било нападнато со остар предмет, сѐ уште не се знае дали од едно или повеќе лица. Било нападнато пред „Деветтокатницата“ во центарот на Прилеп. Пронајдено е со многу крвави убодни рани на тротоарот на булеварот „Гоце Делчев“, веројатно се обидело да се оддалечи од местото на нападот.