Николовски: Се разговора за пласман на зелка на рускиот пазар

По средбата со винарите во Градско, Николовски нагласи дека и денеска претставници од Министерството ќе имаат средба со производителите од Струмичко.

374

Се подготвува понуда на македонска зелка за рускиот пазар. Се собираат податоците за расположливите количини и цените. Интензивно се водат разговори за пласман, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

По средбата со винарите во Градско, Николовски нагласи дека и денеска претставници од Министерството ќе имаат средба со производителите од Струмичко.

Украина и Русија засега не увезуваат македонска зелка зашто имаат прилив од други земји по многу поконкурентни цени.

– Во овие неколку часа се подготвуваат информации кои ќе бидат испратени до Македонско-руската стопанска комора која ги води разговорите. Верувам дека ќе имаме резултат – истакна министерот.

Според него, се вложуваат максимални напори не само за олеснување на извозот, туку и за обезбедување нови пласмани.

– Секој ден сме на терен во Струмичко. Вложуваме максимални напори да го олесниме извозот, но притисокот од други земји е многу голем и си го прави своето. Цената е многу поконкурентна од нашата – потенцира Николовски.

Тој додаде дека со Москва се разговарало и за царинските давачки кон Македонија. Средби со производителите од Струмичко ќе има и утре зашто Министерството, како што рече Николовски, упорно се труди да најде решение.

Цената на зелката во моментов, според министерот, е 12 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...