Последна промена пред 42 минути | Петок 18 Април 2014 | 78 4

Студентите од „Гоце Делчев“ чии соби денеска изгореа, ќе бидат обештетени!

  • Објавено: 10.04.2013 23:14
  • Прочитано: 2355
  • Печати

 

Членовите на студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ правaт проценка на она што студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ го загубија во пожарот што избувна попладнево.

„Оштетените студенти од пожарот во студентскиот дом Гоце Делчев ќе бидат обесштетени. Ние сме тука за нашите колеги!“ – информираше претседателот на СПУКМ, Кирил Спироски.

Како што претходно извести „Плусинфо“, две девојки беа изнесени од студентскиот дом „Гоце Делчев“ откако се онесвестија од чадот од пожарот што го зафати домот, по што им беше укажана медицинска помош.

Скопската противпожарна единица навреме успеа да спречи пожарот да се прошири кон вториот и третиот кат. При избувнувањето на огнената стихија немаше повредени, но уништени се неколку соби.

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ е убедливо најзапуштениот дом во Република Македонија. Во медиумите се појавуваа фотографии на кои се гледаше како студентите се снаоѓаат при најобичен дожд, кога од покривот капе, ѕидовите се влажни, а честопати снемува и електрична енергија. Полицијата уште не ги најде ниту сторителите што пред неколку месеци фрлија молотови коктели кон домот.

Мирослава Симоновска

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>