• 25 август 2016
  • Вести денес: 62
Плусинфо18:35 26 март 2016 ● Прочитано 13084

 

Двајца браќа близнаци на возраст од 30 години загинаа во сообраќајната несреќа што попладнево околу 17 часот се случи во населбата Кисела Вода, информираат од Министерството за внатрешни работи. Тие беа патници во возило „рено 19“ што директно се судри до автобус на ЈСП број 24. 

Една од патничките во автобусот се пожалила на полесни повреди.

Од МВР информираат дека увидот се уште е во тек и засега не може да се каже кое се причините за несреќата. 

Несреќата се случи во близина на училиштето „Круме Кепески“ и КАМ маркетот. Возилото беше толку набиено во автобусот што пожарникарите сечеа делови од автомобилот за да ги извадат патниците.

Како што раскажуваат очевидци автомобилот се движел во спротивен правец од автобусот, но поради големата брзина се извртел, влетал во лентата на автобусот и целосно се набил во него.

На автобусот е скршено предното стакло.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Николовски: Граѓаните на Гази Баба бараат оставка од Трајановски (ВИДЕО)

Жртвите од 6 август се директна последица на непреземање мерки за заштита пред поплавите, рече Николовски.

МОН: Во следните денови ќе се најде изведувач за Медицинарот

Во следните неколку денови ќе биде донесена одлуката за избор на компанија изведувач на градежните работи, велат од МОН.

Без струја утре неколку населби

Поради технички зафати во електро - мрежата, утре без струја ќе останат повеќе општини во Скопје.

СВР-Скопје со сообраќајно обезбедување за натпреварот Шкендија-Гент

На „Филип Втори ” во рамки на Лига Европа денеска во 20 часот ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу Шкендија и белгиски Гент.

Градот не дава пари за поплавените, ќе се чека државната помош

Советниците од СДСМ побараа да се одвојат 7,5 милиони евра од градскиот буџет и на домаќинствата кои претрпеа штети да им се доделат по 90.000 денари.

НАЈЧИТАНИ