• 28 мај 2016
  • Вести денес: 3
Плусинфо21:47 25 февруари 2016 ● Прочитано 2887

Извештаите на САД за човековите права, како и оние на други меѓународни новинарски организации, ја зголемија загриженоста за состојбата со медиумите во Македонија. Реформите во медиумите остануваат во Итните рефорски приоритети на ЕУ. Страните посветени на Договорот во Пржино треба да расправаат за реформите во медиумите, сега и во иднина, се наведува во одговорот од Амриканската амбасада на прашање на Плусинфо да објасни што ќе се случува натаму со преговарачкиот процес околу медиумите.

„САД и ЕУ ќе продолжат да разговараат за ова прашање со страните во Договорот. Би сакале да забележиме дека парламентот може да го преземе прашањето во секое време. Елементите кои се на маса вклучуваат стабилно финансирање на МРТВ, фер и транспарентно владино рекламирање ако тоа продолжи, намалување на казните за прекршоци, јакнење на заштитата на авторските права и избор на професионалци од различни области во бордот на МРТВ и во советот на АВМУ, со гласање во парламентот. Имаше некаков основен договор за повеќето од прашањата. Страните во Договорот ќе треба да одлучат да одат напред“, се наведува во одговорот од Амриканска амбасада. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Што носи шестата епизода на „Фчерашни новости“?

Авантурите на претседателот Иванов, потопувањето на галијата и уште една мега инвестиција во спортот во новата епизода „Фчерашни новости“.

Мехмети: Таканаречениот претседател е виновник за ерупцијата на кризата (ВИДЕО)

Со таквата контроверзна одлука тој го прегази Уставот, ги погази законите и се повика на закон кој што е поништен во Собранието, рече пратеничката.

„Не за делумна аболиција“, порачаа штипјани

Протестите ќе продолжат се додека не се обезбедат сите услови и не профункционира правната држава,рече Горан Трајков, од движењето „Протестирам“.

Амбасада на САД: Потребно е целосно повлекување на аболицијата

Делумното или селективното повлекување на помилувањето ќе ја попречи Македонија да направи прогрес, реагира амбасадата.

Димитриевски: Нема аболиција за тие што треба да одговараат пред граѓаните

Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ, на денешниот протест во Битола.

НАЈЧИТАНИ