• 01 октомври 2016
  • Вести денес: 0
Плусинфо10:51 10 јануари 2016 ● Прочитано 2882

„Домашен“ фискален совет не би функционирал. Тие што би го избрале не би избрале личности со интегритет и не би им дале  овластувања со кои би си го суспендирале своето политичко влијание и моќ, вели поранешниот гувернер Петар Гошев во анализата во „Слободен печат“.

„Така е до сега, зошто би правеле нешто друго? Затоа идејата на Костов е фискален совет доминиран од странски резиденти - експерти. Преку вториов случај би можело да се составуваат буџети кои ќе водат сметка за ненарушување на финансиската стабилност преку каналот на јавните финансии, под претпоставка таквиот совет да го има крајниот збор за обемот на расходите и приходите, што значи и за големината на буџетските дефицити, односно домашното и странско задолжување, a не Парламентот на РМ.

Но, вториов случај (фискален совет доминиран од странци) не значи само суспендирање на дел од најважните функции на  Парламентот, туку и пренесување на дел од посредуваниот граѓански суверенитет на странски државјани - де јуре и де факто,  што и самиот Костов го нагласува. Имено, идејата поаѓа од фактот дека домашните политички гарнитури не можат сами да решат ниту едно битно прашање за функционирање на државата, па така зошто и за ова прашање, едно од клучните за финансиската  стабилност, да не одлучуваат странците?

Сепак мислам дека работата е посложена. Ако фискалниот совет (доминиран од странци, со по некој наш домашен фикус заради  уметнички впечаток) се формира и добие одлучувачки збор за, на пример, обемот на приходите и расходите, со тоа и за потенцијалните дефицити, односно домашно и странско задолжување, остануваат бројни други, не помалку важни прашања за функционирање на јавните финансии, во рацете на политичката власт добиена на парламентарни избори, без чие успешно совладување и третирање нема да ги совладаме денешните будалаштини и арамилаци на товар на јавните пари.

Имено, фискалниот совет нема да одлучува за тендерите преку кои се крадат јавните пари и добар дел од нив се изнесуваат надвор од државата. Фискалниот совет нема да одлучува дали да се градат споменици, да се садат врби, да се градат тркала во фекалиите на Вардар, дали субвенциите ќе завршат кај Миленко, Пиленко, Багабундо и слични; Фискалниот совет нема да одлучува какви видови даноци ќе плаќаат граѓаните и фирмите - номинално еднакви за сите, преку што, покрај останатото, се произведува денешнава огромна социјална нееднаквост и се стимулира иселувањето од земјата, или пак прогресивни, во зависност од економската моќ со кои се обезбедува поголема социјална правичност; Фискалниот совет нема да усвојува закони а со нив, како што знаеме може, односно се дерогира и најдобро смислена фискална политика, итн. Фискалниот совет нема да одлучува колку даночната полиција ќе им земе пари на фирмите пред изборите и колку од нив ќе затвори само затоа што „не биле нивни“, не биле со власта; Фискалниот совет нема да одлучува дали со тајни договори и колкави износи ’државна помош’ ќе им се даде на странските компании од парите на домашните фирми и домашните резиденти; итн, итн...

Секако, ако некој сака да одлучи, може фискалниот совет да се овласти и за некои од спомнатите и бројни други не спомнати прашања, но тогаш треба да се напише целосно нов устав, кој нема да биде устав на Република Македонија, но ќе важи за наводната Република Македонија.

Со сето ова не велам дека некој вид фискален совет не може да биде од помош, барем во даденава ситуација. Но каков и да е, и тоа прашање зависи од политичката волја на сегашните политички сили во Македонија, поконкретно, од оваа збирштина на бандити што ја растураат државата по сите линии. Ако пак и оваа идеја зависи од волјата на странците, а ништо од нас самите, тогаш јас останувам на моето повторувано решение и главно барање упатено до странците: одлучувачки да помогнат апашите да одат во зандана, да бидат исклучени од изборниот процес, бидејќи и краделе безмилосно и лажирале избори колку им требало.

Така ќе го добиеме најуспешниот фискален совет. Со нив (со арамииве) ниту Господ, одново да не создава, нема да ни биде ништо од помош!“, анализира Гошев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Нуклеарката Кршко исклучена од производство поради редовно одржување

Хрватска и Словенија на почетокот од година го продолжија работниот век на Кршко за дополнителни 20 години, односно до 2043 година.

МЗШВ: Владата има план за рехабилитација на хидроакумулацијата Калиманци

Во десетгодишната програма за рехабилитација на ходромелиоративниот систем се предвидени 200 милиони евра, тврдат од Министерството за земјоделство.

„Лукоил“ слави 25 години од своето постоење

Горди сме на нашиот јубилеј 25 години „ЛУКОИЛ“. 25 години на успешна работа во еден исклучително конкурентен сегмент...

Проектот „Турски поток“ треба да биде готов до 10 октомври

„Газпром“ порано оваа недела ги доби првите дозволи од турските власти за изградба на гасоводот, кои даваат можност за почетокот на градежните работи.

Прентовиќ: 10 милиони евра годишно за изградба и санација на системите за наводнување

СДСМ најавува и дека ќе изврши целосна анализа и снимање на актуелната состојба

НАЈЧИТАНИ