Последна промена пред 5 секунди | Петок 25 Јули 2014 | 26 0

Конкурс за најдобри писма „Напиши писмо со ракопис на срцето“

  • Објавено: 12.02.2014 13:52
  • Прочитано: 1035
  • Печати

Агенцијата за пошти распиша конкурс за најдобро писмо „Напиши писмо со ракопис на срцето“, на слободна тема, во три категории - за деца до 12 години, за млади до 18 години и за возрасни. 


- Целта е да ја обновиме  традицијата на пишување писма, да се стимулира креативниот однос на граѓаните кон пишувањето на писмата и кон афирмирање на јазичната и писмената култура и традиција кои во историјата на светската култура има оставено неизбришливи траги - рече директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасоски, на денешната прес-конференција во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.



Писмата треба да бидат напишани со личен, авторски ракопис, на македонски или на албански јазик, да не се претходно објавувани, да не содржат повеќе од 500 зборови и да ја имаат формата на обраќање до примачот. Треба да се испратат во плик најдоцна до 14 април 2014, на адреса: Агенција за пошти (со назнака: за награден конкурс  - категорија...) Поштенски фах 164, 1001 Скопје. Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 14 мај 2014 година.



Во жири комисијата што ќе ги оценува писмата учествуваат: Стојан Тарапуза, Горјан Петревски, Марија Таушанска, Џабир Ахмети, Венко Андоновски, Бранко Цветкоски и Братислав Димитровски.


- Оваа идеја сакаме да финишира со издавање книга во која освен наградените писма ќе бидат, по избор на жири комисијата, објавени и други писма - додаде Атанасоски.


За трите категории се предвидени по три награди: (3.000, 6.000 и 9.000 денари за прва категорија, 6.000, 9.000 и 12.000 за втората категорија и 6.000, 18.000 и 30.000 денари за најдобрите писма во третата категирија). Покрај парични, ќе бидат доделени и награди во книги.

Објавено: 01.06.2014 12:54

Magdalena:

Зошто сеуште не се добиени паричните награди?

Објавено: 19.05.2014 15:03

Симона:

Зошто сеуште ги нема резултатите?

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
За содржини постари од 01.01.2014 погледнете во нашата архива:
arhiva.plusinfo.mk
http://images.plusinfo.mk/commercials/Web-Banner-EVN-Snabduvanje-300x250.gif