Последна промена пред 2 минути | Петок 25 Април 2014 | 1 0

ВИДЕО Ивановски: Предлагаме распустот за учениците да започне веднаш

  • Објавено: 24.12.2013 20:13
  • Прочитано: 1302
  • Печати

Оној срам што го направи пред година дена ВМРО-ДПМНЕ, а го изврши спротивно на законот за Собрание, лицето Трајко Вељаноски, нема ни такво сонце, ни таква вода, ни таков ветер, ни такво ниту ширење на информацијата, кое што може да го избрише, рече на синоќешната собраниска седница пратеникот на СДСМ, Игор Ивановски.

 

Ја предложивме оваа дебата и информација, не за да го констатираме тоа што го знаат сите, а тоа е дека вашите погрешни политики придонесоа за ова. Директно како Влада со своите политики, влијаевте на овој степен на загадување. Што ви смета распустот на децата да започне веднаш? Требаше веќе тие да се дома. Да не одат во училиште или во градинка. Бидејќи со ваква концентрација на тврди честички, тие ќе имаат белодробни заболувања. Веќе имаат. Прашајте малку на педијатрија или во клиничкиот центар. И видете во градинките и училиштата колку деца отсуствуваат. Предлагаме веднаш да започне распустот - порача Ивановски.

 

Тој побара привремено да се забрани градбата во критичните места, во Центар, Карпош, Аеродром.

 

- Дека вие тоа наводно сте го побарале е комплетна лага. Во овој момент, 18.20 часот, во Собранието уште работат работници. Внатре, ете ги во ходниците. На сите владини објекти се работи. На барокната фасада, на зградата на Министерството за финансии, на барокната зграда на Транспорт и врски. Вие самите препораки не си ги почитувате и лажете дека сте ги примениле -  рече пратеникот на СДСМ.

 

Подготви: Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

/style/images/intervju-title.jpg

Гласајте без страв за да ја прекинеме оваа агонија

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Stevo Pendarovski.jpg Објавено: пред пред 10 часа
Прочитано: 870

Стево Пендаровски