Последна промена пред 8 часа | Четврток 17 Април 2014 | 0 0

Зградата „папагал“ во ново руво

  • Објавено: 21.11.2013 12:36
  • Прочитано: 3167
  • Печати

 

 

Познатата зграда „папагал“, на крстосницата на булеварите Св. Климент Охридски и Димитрија Чуповски ќе добие нов изглед откако Општина Центар почна да ја реновира. Од општината најавуваат дека ќе се изврши целосна реконструкција и обнова на фасадата со термоизолациски материјал, дебел 5 сантиметри, односно со таканаречена „демит“ фасада.

 

Зградата „папагал“, карактеристична по многуте бои содржани на фасадата, ќе го задржи својот изглед и по реновирањето на фасадата, по барање и во договор со граѓаните.

 

Новата фасада, освен што ќе се изработи по најсовремени европски стандарди, е и енергетски ефикасна, што значи дека сметките за затоплување ќе бидат помали за една третина.

 

Сумата која ќе биде потрошена за целосна реализација на реновирањето на фасадата на зградата „папагал“ изнесува околу 4,9 милиони денари.

 

Ова е една од серијата реновирања стари фасади во општина Центар, акција која градоначалникот Андреј Жерновски ја најави во изборната програма.

 

 

 

 

Подготви: Б.И.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

 

 

 

 

 

 

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
http://images.plusinfo.mk/commercials/kajgana.jpg